Ќерката на актерот Дон Џонсон и актерката Мелани Грифит, има љубовна врска со еден од најзгодните холивудски актери, Џон Хем.

Џон Хем стана познат по тоа што глумеше непогрешлив љубовник во „Момците од Медисон“, додека Дакота ја глумеше познатата Анастасија Стил, лик создаден од еротскиот роман „Педесет нијанси сиво“. И затоа не е чудно што сите медиуми се посветија на откривање на оваа неочекувана и возбудлива врска.

Двојката сè уште не е сликана заедно, но биле видени во Њујорк во ресторан во вторникот вечерта.

„Тие уживаа во заедничката вечера, поминаа два часа во ресторанот, а потоа заминаа заедно“ изјави анонимен извор.