Во време на пролета и особено во текот на летото голем број од домовите доживуваат вистински напад од мравки. Малите црни инсекти на овие простори не се опасни по животот и здравјето на луѓето, но веројато нема понепријатно чувство за домаќинките кога ќе забележат движење на мравки по живеалиштето. Еве два природни начина со кои можете да ги отстраните.

ЛИМОН или поточно сок од лимон. Исцедете свежи лимони и истурете ја течноста на местото каде што се мравките или уште подобро на местото од каде што тие влегуваат во вашиот дом. Лимоновата киселина треба да ги одврати од нивниот пат.

ЦИМЕТ или етерично масло од цимет. Ако имате масло нанесете го на спорните места, а ако имате само цимет во прав измешајте го со половина литар вода и смесата истурете ја на куќниот мравјалник.

SHARE