Охридски бисери на саемот во Вировитица

Благодарејќи на семејството Талеви, охридските бисери ќе бидат дел од експонатите и на годинашниот 23. Меѓународен саем за стопанство, занаетчиство и полјоделство во хрватскиот град Вировитица, кој ќе се одржи од 23 до 25 февруари.

Талеви првпат се претставија со најпознатиот охридски производ на „Вироекспо“ во 2011 година, кога предизвикаа одушевување кај посетителите, по што тие продолжија да доаѓаат на еден од трите најзначајни саеми во Хрватска.

Самиот начин на изработка на охридскиот бисер им е познат само на членовите на охридските семејства Талев и Филев, а тајната ја чуваат од 1920-тите години.

Бисерите се прават од крлушките на рибата плашица, карактеристична за Охридско Езеро, а рецептот за изработка им се пренесува само на машките наследници.