Македонскиот знаменосец во Пјонгчанг се пласира на 80 место во квалификациската спринт трка во крос кантри. Ставре Јада видно разочаран од трката која треба да послужи за загревање вети дека ќе има многу подобро издание в петок во трката на 15 километри во слободен стил.

Времето со кое Јада мина низ целната линија изнесуваше 4.23.85 минути што го прави единствен со повеќе од една минута послаб резултат во однос на победникот Хакола Ристомати од Финска (3.09.93 минути).

До вториот настап на Јада во Пјонгчанг, олимписко деби ќе има и Викторија Тодоровска која во четврток ќе учествува во крос-кантри трката на 10 километри.