Манчестер Јунајтед ја победи ЦСКА Москва со пресврт 2-1 и си го обезбеди првото место во А групата од Лигата на фудбалските шампиони, а со тоа веднаш го повлече и Базел на второто место иако Швајцарците и сами беа одлични кај Бенфика победувајќи со 2-0.
Во дербито на денот Баерн во групата Б му се реваншира на ПСЖ со 3-1, а Андерлехт изненади кај Селтик со 1-0. Во третиот состав Рома минимално и доволно славеше со Карабах со 1-0, а во Лонедон во второто дерби на вечерта Челзи и Атлетико Мадрид одиграа 1-1, по што Англичаните се втори, зад римјани, а Шпанците испаѓаат.
И конечно во конкуренцијата Д очекувани и идентични победи од по 2-0 на Барселона со Спортинг и на Јувентус кај Олимпијакос.
ПСЖ, Баерн, Челзи и Барса и плус Реал Мадрид, Манчестер Сити, Бешикташ и Тотенхем од претходно беа сигурни за 1/8 финалето, а од денеска тоа се и Манчестер Јунајтед, Базел, Рома и Јувентус.
Еве ги головите од најатрактивниот дуел во Минхен.

Оставете коментар