Павлопулос побара од Македонија да ги почитува човековите права?!

Денешната посета на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на Атина грчкиот претседател Прокопис Павлопулос го искористи да ѝ упати порака и на Македонија.

„Грција се залага за европскиот курс на своите соседи, како што се Турција и БЈРМ, но во овој контекст, потребно е од земјите-кандидати да ги почитуваат човековите права, како што е правото на сопственост, малцинствата итн.“, изјави Павлопулос.

Оставете коментар