Павлопулос: Пред договор за името, да се смени уставот

Ο Πρόεδρος της Δημοκρατίας Προκόπης Παυλόπουλος (κέντρο Δ) μαζί με τον πορτογάλο Πρόεδρο Μαρτσέλο Ρεμπέλο ντε Σόουζα(Marcelo Rebelo de ) (Δεν εικονίζεται), κάνουν δηλώσεις αμέσως μετά τη συνάντησή τους, στο Προεδρικό Μέγαρο, Αθήνα, Τρίτη 13 Μαρτίου 2018. ΑΠΕ-ΜΠΕ/ΑΠΕ-ΜΠΕ/ΓΙΑΝΝΗΣ ΚΟΛΕΣΙΔΗΣ

Повеќекратни пораки до „Поранешна Југословенска Република Македонија“ и Турција, денеска уште еднаш упати грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, по средбата со претседателот на Португалија, Марчело Репело де Суза, во Атина.

За евроатлантските перспективи на Македонија Павлопулос истакнал дека тоа „бара решение за прашањето за името на начин што е компатибилен со историјата, меѓународното право и европското законодавство, на начин што ја елиминира неодговорноста“.

„Како резултат на тоа, пристапувањето на Република Македонија во НАТО и во Европската унија бара договор со кој се гарантира отстранување на иредентизмот во името“ рече тој, истакнувајќи дека „пред потпишувањето и ставањето во сила на овој договор се бара соодветна ревизија на македонскиот Устав“.

1 Коментар

Comments are closed.