Падна сајтот на Владата – има ли врска со Русите?!

Loading...

Вечерва „падна“ официјалниот сајт на Владата на Република Македонија, што некои побрзаа да го протолкуваат со наводен одмазднички руски хакерски напад откако денеска македонското Министрство за надворешни работи донесе одлука да протера еден руски дипломат од Амбасадата на Руска Федерација во Скопје.

Руската амбасада во Скопје упати остра дипломатска порака во која предупреди дека „целосната одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна“

Со првична реакција од Москва се јави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков кој рече дека претседателот Путин ќе биде оној што ќе ја донесе конечната одлука за одмаздничките мерки против американските и европските земји што ги протеруваат руските дипломати.