Loading...

Врховниот суд во Атина уште еднаш ја одложи одлуката за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски, поранешни вработени во УБК.

Како што пренесуваат медиуми, нивните грчки адвокати побарале затворена расправа за случајот бидејќи, како што објасниле, против нивните клиенти се води политички прогон и не се чувствуваат безбедни во земјата.

Грујовски и Бошковски, осомничени во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО, по кои беше распишана и меѓународна потерница беа уапсени во средината на октомври на аеродромот во Солун при пасошка контрола кога било утврдено дека се обиделе да поминат со фалсификувани бугарски пасоши и да отпатуваат во Будимпешта.

Против нив се водат три одвоени случаи во Грција: за фалсификување патни исправи, за барање за азил и за македонското барање за екстрадиција.