Пак солзавец во косовскиот парламент (ВИДЕО)

Пратениците на опозициската „Самоопределување“ фрлија солзавец во косовскиот парламент во обид да ги спречат другите пратеници да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што е клучен услов за Косово да добие безвизен режим во Европската унија.

„Самоопределување“ категорично се спротивставува на овој договор, потпишан во 2015 година и  тврди дека со тоа Косово се откажува од т 8.000 хектари своја територија во корист на црна Гора.

Претходните обиди за ратификување на договорот доведување до слични протести и речиси редовно фрлање солзавец во парламентот па и улични судири со полицијата.