Пак хаос во Киев, 100 уапсени (ВИДЕО)

Демонстранти во Киев се судрија со полицијата која започна со отстранување на нивниот протестен камп. 100 лица биле уапсени, а десет лица беа повредени, соопшти полицијата.

Протестниот камп пред украинскиот парламент беше поставен од приврзаниците на Михаил Саакашвили, поранешниот грузиски претседател, кој стана истакнат лидер на опозицијата во Украина.

Демонстрантите бараат формирање национален суд против корупцијата.

Шефот на полицијата, Андреј Кристовко, соопшти дека конфликтот се случил кога полицијата пристигнала во кампот за да го испита претходниот конфликт, од вторникот, кога беа повредени 15 полицајци, објави АП.