Пак ќе го отворат граничниот премин „Маркова Нога – Герман“

Меѓуминистерска средба, предводена од шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас беше одржана на јануари 2018 година во рамките на подготовките за отворање на  граничниот премин „Маркова Нога-Герман“-Преспа.

Граничниот премин „Маркова Нога – Герман“ бил отворен до 1960-тите години, кога Грција одлучила да го затвори. Долго време се правеле обиди од страна на македонските власти за негово повторно одбивање, но се наидувало на грчко одбивање.

Уште во 2006 година, македонската влада била целосно подготвена и технички и политички овој граничен премин да биде отворен.

Последните обиди за повторно отворање на овој граничен премин дошло на средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Поповски и Никос Коѕиас.

Сегашните разговори се фокусирале на неопходните подготовки за обезбедување на езерото и за пристап до граничниот премин во Преспа.

Ова ќе бара изградба на патиштата, како и изградба на инфраструктура за царинска испостава и инсталирање на систем за пасошка контрола. Беше договорено да се промовира процесот за обезбедување на потребните релевантни студии.

Во однос на финансирањето ќе се бараат средства од проектот за прекугранични проекти Грциа – Македонија.

Сите страни ја истакнаа важноста на проектот за локалната економија, како и за зајакнување на односите меѓу Грција, Македонија и Република Албанија.