Маурисио Зампарини повтори дека нема да го пушти нашиот Илија Несторовски од Палермо за помалку од десет милиони евра. Високата отштета што се бара за македонскиот шпиц значи и нешто друго, а тоа претседателот на Сицилијанците не го крие.

“Сакаме брз камбек во Серија А, а за тоа ни требаат фудбалерите со кои игравме и во претходната сезона”, вели Зампарини.

Најзаинтересирана за Несторовки кој во деби сезоната во Калчото постигна 11 гола останува Фиорентина

SHARE