Некогаш преубавата Памела Андерсон, сега веќе средовечна 49. годишна госпоѓа, на дефилето на Канскиот фестивал изгледаше сосема по различно од вообичаениот секси и “вамп” стил што го практикуваше години наназад. Според многумина станува збор за низа на, прашање е, колку успешни пластични операции, но нејзините фанови на Твитер ја искористија можноста да искоментираат дека и сега, со помалку шминка, изгледа прекрасно. Таа изјави дека и се допаѓа стареењето бидејќи покрај себе има примери, како нејзината мајка, кои се уште во себе ги носат и добро ги комбинираат, хуморот и гламурозноста.

SHARE