Паметните телефони ги разболуваат тинејџерите

Родителите и наставниците веќе одамна го знаат тоа, но сега и студијата на една од најголемите германски установи за здравствена заштита го докажува тоа: непрекидното „чатање“, постирање, „лајување“доведува до болна зависност.

Студијата беше нарачана од Фондот за здравствено осигурување ДАК и Универзитетската клиника во Хамбург. За таа цел беа интервјуирани 1001 момчиња и девојчиња на возраст од 12 до 17 години.

„Резултатите се многу загрижувачки“, изјави шефот на државната каса Андреас Шторм во Берлин. Тие покажуваат дека 2,6 отсто од германските тинејџери живеат во зависност од социјалните медиуми. А последиците за младите се: несоница, бегство од реалноста и стрес кај родителите, велат социолозите.

Се верува дека младиот човек развива зависност од социјалните медиуми кога постојано размислува за своите пријатели во мрежата и ризикува да ги изгуби реалните пријатели; се влошува нивниот успех во училиште и нивните шанси за идна кариера во име на – секогаш да се биде во мрежа.

Во огромно мнозинство, дури 85 проценти, децата и адолесцентите трошат околу 3 часа дневно на социјални мрежи – девојчиња малку повеќе од момчиња, односно помеѓу 182 и 151 минути, покажува студијата.

Дипломирани студенти разговараат помалку често од нивните помлади врсници, кои просечно 207 минути дневно се онлајн.