Пападакис: Рацете на Ципрас се врзани за Македонија

Грција нема намера искрено да седне на маса и да преговара со Македонија за билатерланиот проблем. Атина нема да се откаже од грчкиот национализам, да ги прифати македонскиот јазик и идентитет како такви. Овие се очекувањата на грчкиот аналитичар Јоргос Пападакис, долгогодишен познавач на односите меѓу двете земји, пред посетата на Коѕиас на Скопје.

„Не очекувам многу. Доколку Грција не седне на маса со искрени намери кон Македонија, нема да има никакво решение. А, до сега тоа не го покажа за жал, вели Пападакис.

Според него целата грчка елита има едниствена цел да го избрише идентитет на Македонија. Без разлика дали се левичари како Ципрас или нацисти како претставниците на Златна Зора.

„Ципрас повторно отвори прашање за грчката дипломатија, односно влада без да има капацитет да го реши овој проблем. Нема ниту доволна големина како човек, политичар, шефот на владата. Рацете му се врзани, поради алијансата со ултра десничарот Каменос. Атина не го доби посакуваниот предлог од Нимиц“, вели Пападакис во разговор со faktor.mk.

Смета дека дека македонските власти мора да внимаваат во преговарачкиот процес и покрај тоа што билатералниот проблем трае долго. Грчкиот аналитичар вели дека решение може да се постигне само доколку Грција се откаже од барањето „erga omnes”.

1 Коментар

  1. Одлуките на Генералното собрание на ООН за несуштествени прашања, каде потпаѓа и гласање за продолжување членството во ООН се носат со простото мнозинство од членките присутните и који гласаат во Генералното собрание. Со други зборови ни треба сигурна подршка од само 100 држави за оваква акција во ООН.

    Натаму, кога станува збор за членските права на држава во ОН, одлуката на Генералното собрание на ООН обврзува сите органи на ООН, и Организацијата на Обединетите нации. Генералното собрание на ООН има примарна задача и одговорност да се грижи за членските права на државите-членки на Организацијата на ОН.

    Предлог Резолуцијата на Генералното собрание на ООН во нашиот случај содржи Одлуката за продолжување членството.
    Оваа Нацрт резолуцијата може со интензивно лобирање да помине и со помал број сигурни држави који би гласале за ваквата Резолуција од бројката 100 членки (пример ако е во сала на Генералното собрание 80 членки, ни треба само 41 држава членка, или пр. ако е во сала на Генералното собрание 100 членки ни треба само 51 членка). Во случај да не успе гласањето, пример оваа година, следната година на Генералното собрание можеме пак да бараме гласање за истата (како и секоја следната година, се додека Резолуција не помине и продолжиме членството под Република Македонија во ООН).

Comments are closed.