Папата Франсис зборуваше дваесет минути преку видео линк со шест астронаути на Меѓународната вселенска станица во орбитата околу Земјата.

Ова е втор пат во историјата дека некој папа да „комуницира со универзумот“. Папата Бенедикт Шеснаесетти разговараше со екипажот на Меѓународната вселенска станица во април 2011 година, објави Франс прес.

„Здраво и добра вечер – бидејќи никогаш не се знае кога сте во просторот“, рече на почетокот од интервјуто Францис од Ватикан, Тој го водеше директниот разговор со техничка поддршка од американската вселенска агенција НАСА.

Папата зборуваше на италијанските со италијанскиот астронаут, 60 годишниот Пол Несполи за кого ова е трет престој во вселената. Несполи беше на вселенската станица и на покана на претходниот папа. Тој денеска го преведуваше разговорот за своите колеги во станицата – двајца Руси и тројца Американци.

Папата разговараше со астронаутите за тоа што е нивна најголема радост во оваа работа и нивното размислување за местото на човекот во универзумот и нивните искуства во вселената.

Оставете коментар