Првиот човек на Католичката црква сака да усвои подобар превод на фразата “и не не воведи во искушение” од текстот на најпозната христијанска молитва.

„Тоа не е добар превод“, изјави Папата во телевизиското интервју во средата вечерта, пренесуваат хрватски медиуми.

Тој вели дека не е Бог тој кој ги воведува луѓето во искушение и дава пример дека во верзијата на Католичката црква во Франција, фразата во молитва гласи: „Не дозволувај ни да паднеме во искушение“.

Сегашната верзија на „Оче наш“ е од Библијата од 4 век, која била преведена на латински од древниот грчки, а тој пак бил превод од арамејски, јазикот на кој зборувал Исус.

Оставете коментар