Партизан се плаши од местенки во Ниш

Во пресрет на разврската во Српската фудбалска лига, а тоа претпоставува две рунди во кои црно белите влeгуваат со три бода предност пред големиот ривал Црвена Звезда, во Партизан се плашат дека може да бидат наместени од ФСС.
Од Партизан веќе објавија слика на помошникот кој ќе биде дел од судиската тројка на клучната средба во Ниш против Раднички кој бил во друштво на навивачите на Црвена Звезда.

Ако Партизан утре слави на стадионот на Чаир во Ниш в недела против Младост сам ќе решава и реално, по една година, ќе си ја врати титулата.

SHARE