Паскал Миљо: Скендербег се борел за христијанството (ВИДЕО)

Loading...

Познатиот албански професор, историчар и поранешен шеф на албанската дипломатија, Паскал Миљо, тврди дека Скендербег бил Слoвен (Македонец) и дека неговото семејство било македонско.

Гостувајќи во телевизиска емисија посветена на 550 годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, Миљо додаде дека мајката на Скендербег е Славјанка (Македонка) и дека тој се родил како православен.

„Мајката на Скендербег е Македонка. Зошто тоа треба да нè иритира? Вистина е дека тој се родил како православен. Нашите поранешни претци Скендербег, Арбр, немале исторски расправии како што имало во подоцнежните векови, ги женеле своите деца едни со други“, изјавил Миљо, како што пренесува весникот „Илинден“ –Тирана.

Миљо уште додал дека „нашата јавност треба да знае дека Скендербег самиот рекол дека е воин за заштита на христијанството. Ова не го велиме ние, туку тоа го кажале историчари пред многу векови“.

Паскал Миљо им порачува на „католиците и на неуките националисти“ дека не треба да се мачат со овие работи.