Патријарх Неофит: Ќе си го исполниме долгот кон Македонија

„Кога ќе треба да се исполни долгот, ќе го направиме тоа“, изјави бугарскиот патријарх Неофит во врска со поканата од поглаварот на Македонска православна црква-Охридска архипеископија (МПЦ-ОА), архиепископот Стефан, и во одговорот на прашањето дали наскоро ќе ја посети Македонија.

Според првиот човек на Бугарска православна црква (БПЦ), посетата на Македонија од претседателот Румен Радев и од двајцата митрополити е радосна вест.

Радев, заедно со пловдивскиот владика Николај и со старозагорскиот епископ Кипријан, беа пречекани со биење на камбаните и со многуброен народ во манастирот „Свети Јован Бигорски“. Тоа беше прва посета на шеф на држава во светата обител на Бигорски, а пред да дојдат во најголемиот македонски манастир двајцата митрополити беа примени од архиепископот Стефан.

„Тоа што се случи е радосно, а понатаму во црковна смисла деталите ќе бидат разгледани“, одговори патријархот Неофит на прашањето дали наското може да се очекува заедничко сослужување меѓу БПЦ и МПЦ-ОА.