Според најновите официјални податоци, највисока месечна плата во регионот има претседателот на Словенија, Борут Пахор, 3.332 евра.

Повеќе од 3.000 евра е месечната плата на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина. Грабар-Китаровиќ има нето плата од близу 3276 евра, додека членовите на Претседателството на БиХ заработуваат во просек  3,091 евра, пишува Ал џезира.

Српскиот претседател има тројно пониска плата од хрватските и босански колеги: Александар Вучиќ добива 1.083 евра месечно, што е најниска претседателска плата во регионот.

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ заработува 2.423 евра месечно, косовскиот претседател Хашим Тачи – 2.873 евра.

Помалку од 2.000 евра месечно се платите на албанскиот претседател Илир Мета, 1.425 и македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој прима 1.250 евра.

Ако се споредат претседателските плати со просечната плата во регионот, апсолутни рекордери се претседателот на Косово и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Претседателска плата во однос на просечната плата во земјата:

Платата на Хашим Тачи е речиси осум пати повисока од просекот, а тројца членови на Претседателството на Босна и Херцеговина добиваат седум пати повеќе од просекот во таа земја.

Претседателите на Хрватска, Македонија и Словенија добиваат три пати повисока плата од просекот во својата земја, додека српскиот претседател добива двојно повеќе од просечната плата во Србија.

Според најновите официјални статистички податоци, највисоките просечни плати се во регионот во Словенија и Хрватска, а најниски во Македонија и во Босна и Херцеговина.