Панчевски бара колегата судија Рибарев да биде маж за АКМИСОТ

Екс претседателот на скопски Кривичен суд, Владимир Панчевски го повикува поранешниот в.д. претседател Стојанче Рибарев, да објасни зошто во извештајот за „чешлањето “ на АКМИСОТ навел дека „постои т.н. паралелен АКМИС, односно дека освен електронски-предмети се делеле на рака“. Имено, пред 2 дена ТВ 24 вести го објави извештајот на комисијата предводена од министерство за правда, во кој во момнтот на контрола на системот, тогашниот претседател Стојанче Рибарев самиот кажал дека постои „двоен АКМИС”.

– Сите вие учесници во мојот јавен линч сте за суд по принципот на нирнбершките процеси бидејки вашите мозоци се индоктринирани со неизлечива болест која штети на едно демократско општество полни сте со гнев, лицемерие, љубомора и омраза заради лични сопствени фрустрации ја осудивте мојата професионална кариера и личен углед , ви посакувам на сите на идентичен начин да ја преживеете еден ден низ ист таков процес мојата голгота но за ваша жал има една голема разлика помеѓу мене и вас, јас на правда сум малтретиран и прогонуван, а вашите раце и усти се извалкани со парите на тие што ве плаќаа! ова е организираниот криминал во нашето општество, додека ова не се среди и не му се стави крај Македонија никогаш нема да биде демократска држава, им порача Панчевски на новинарите кои како што вели биле платени да го линчуваат.

Ги повикува да му се обратат на Рибарев и од него да ги бараат одговорите.

– Медиумите да си го најдат судијата Стојанче Рибарев и тој лично да објасни како граѓански судија кој очигледно “разбира” кривично право – па се нафати да биде в.д. преседател на Кривичен и истиот на јавноста да и појасни, како тоа имало паралелен АКМИС? Како го утврдил тоа ? бидејки комисијата и министерството за правда него го цитираат како основа за сите злоупотреби! Нека излезе Стојанче Рибарев од дупчето што се скрил нека биде маж и нека даде јавно изјава за злоупотребите, би сакал да го слушнам сепак е судија кој далеку стигнал дури до Врховниот суд на РМ, ако е чесен ќе излезе и ке каже, вели Панчевски.

Инаку во објавениот извештај стои дека „во текот на увидот в.д. претседателот на судот Стојанче Рибарев извести дека во судот постои рачна распределба на предмети. При заведување на предметите во надлежност на судија на претходна постапка и на кривичен совет во одделите кривично полнолетни и организиран криминал, не се користел модулот за автоматска распределба на предметите во судот, не биле подесени параметрите за автоматска распределба на предметите во сите претходно наведени уписници, а распределбата на предметите се вршела рачно, за која в.д. претседателот на судот Стојанче Рибарев ја нарече „дупли АКМИС“.