Пери: Со ширење се разводнува ефективноста на НАТО (ВИДЕО)

Поранешниот американски секретар за одбрана, Вилијам Пери, за Раша тудеј изјави дека брзата експанзија на НАТО не мора да значи зајакнување на Алијансата.

Пери, претходно изјави дека проширувањето на НАТО на исток за време на неговиот мандат како секретар за одбрана било грешка и дека во голема мерка е одговорен за сегашната конфронтација меѓу Москва и Вашингтон.

Запрашан дали постои лимит за експанзијата на НАТО и дали на НАТО му треба  проширување со Македонија или со Црна Гора по принципот „колку повеѓе толку подобро“, Пери изјави:

„Ја разредувате ефективноста на организацијата ако внесете премногу земји во неа. Мислам дека ние сме веројатно или многу брзо до крајот на експанзијата (на НАТО)“.

Тој додаде дека е речиси сигурен дека НАТО ги напушти сите идеи за проширување со Украина. Пери ги повика Вашингтон и Москва да „престанат да го гледаат најлошото“ едни во други, и изјави дека „не ја гледа Русија како закана за САД или дека се заканува со војна со САД“.