Перфектниот обвинител имал многу мани, сметаат колегите обвинители

Советот на јавни обвинители на Република Македонија денеска гласал позитивно по предлогот на Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Петар Аневски, претседател на Советот на јавни обвинители  денеска изјави дека членовите на Советот со мнозинство гласови позитивно се изјасниле по предлогот на Владата за разрешување на Зврлевски. Советот уште денеска своето мислење ќе го достават до Владата.

Аневски пред некоку дена рече дека лично за него Зврлевски е перфектен јавен обвинител.

Според законот Советот на јавни обвинители мислењето треба да го врати до Владата за потоа предлогот за разрешување да биде испратен до Парламентот.

Владата иницираше постапка за разрешување на Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата.

SHARE