Петир: Македонија и македонскиот народ заслужуваат сè најдобро

Хрватската европратеничка Маријана Петир, шефица на групата „Пријатели на Македонија во Европски парламент“, за босанската Мрежа ТВ зборуваше за наградата „македонско пријателство“ што ѝ ја врачи Обединета македонска дијаспора неодамна.

„Секако дека ми е мило што Македонците ги препознаа мојот труд и работа и дека најголемата иселеничка македонска организација во Вашингтон ми ја додели оваа награда, со која го признава нашето пријателство и мене како голем пријател на Накедонија“, изјави таа.

„Сметам дека Европска унија не смееше да дозволи едно такво билатерално прашање да биде пречка за напредокот на Македонија. Знаеме дека Македонија и тоа како е важна за стабилноста во целиот регион на Западен Балкан и на Југоисточна Европа“, додаде таа.

„Навистина мислам дека Македонија и македонскиот народ заслужуваат сè најдобро и на моето пријателство можат да сметаат и во иднина“, порача пријателката на Македонија не само во Европски парламент.