Хрватската европратеничка Маријана Петир, шеф на Група на пријатели на Македонија во Европски парламент, објави дека ќе продолжи да ја поддржува земјава и покрај известувањето од Владата дека се формира нова група за пријателство со друг претседател.

Таа се обрати со видео-порака за актуелните случувања околу разговорите за разликите за името со Грција, нагласувајќи дека „Македонија веќе има свое име“:

Покрај откажувањето од Петир, Владата на Заев на својата седница синоќа ги разреши и почесните македонски конзули Џејсон Мико, Ричард Голдман, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам.

 

3 Коментари

  1. Големо БЛАГОДАРАМ за Вас наша Маријана…
    Поголема Македонка од многу родени македонки…
    Секоја почит!

  2. И ова е доказ дека оваа влада работи во корист на своја(наша) штета. Како Петир тие нема да најдат лобист во ЕУ парламентот, која уште првиот ден на оваа своја улога храбро се спротивстави на грчките националисти таму. Фала и на г-ѓа Петир за се што досега правеше во од неа основаното друштвото на македонски пријатели а однапред и за се она за што и натаму ќе се залага за нас, за Македонија како што вети во видеото.

  3. Нам ни требат луѓе од овој ков како г-ѓа Петир искрен пријател со искрени и не двосмислени намери. Голема благодарност до г- ѓа Петир од целиот Македонски народ.

Comments are closed.