Петок ден за тавче-гравче

Тавче-гравче е еден од традиционалните македонски јадења . Се подготвува од свеж македонски грав , еден од прочуените е тетовскиот грав.

Состојки

грав

кромид

масло

сол, црвен пипер,црн бибер , магдонос и сува црвена пиперка

Гравот прво добро се чисти, се потопува да лежи во ладна вода најмалку три часа  за да омекне, потоа се мие и се вари во лонец. По првото вриење водата се истура , па се става нова вода.

Во втората вода се додава дел од кромидот и црниот пипер, а може и неколку парчиња ловоров лист. Посебно во тавче запржуваме кромид заедно со црвен пипер. Сувата пиперка можеме да ја запржиме заедно со кромидот, а може и посебно.

После 90-тина минути колку што му се потребни на гравот да се свари, му го додаваме запржениот кромид и пиперката и добро промешуваме. Потоа содржината се става во земјен сад и се пече на температура околу 220 степени сè додека не запече одозгора.

SHARE