16 членови на Собранието на Кошаркарската федерација на Македонија одржано денеска во Скопје на тајното гласање, и дадоа доверба на актуелната постава со Петар Наумовски и не гласаа да нема промени, а само 14 беа за промени.Со тоа пропадна, до скоро, многу извесното менување на Наумовски со неговиот колега на нашата репрезентација Влатко Илиевски кој поддржан од големите клубови, сепак, не дојде до првата позиција во нашата кошарка.

„Би сакал да истакнам и голема благодарност до Владата за дадената поддршка, имаме пред извесен период состанок. Без двосмисленост, тие се изјаснија дека спортот треба да биде поддржуван од сите ако сакаме да имаме професионализам во спортот и успеси“ рече новиот стар претседател Петар Наумоски.

За да биде се во негов стил, а и да ја потенцира победата Наумовски на крајот од гласањето им порача на противниците и „Фала многу, пријатно“, што одеше заедно со усвојување на точката за проверка на довербата на минимум две години со што тој во следните две години ќе биде на оваа функција без право да се свика вонредно Собрание на кое би се гласало недоверба.

Оставете коментар