Печено свинско месо на скара

Гурмански предизвик за свечен неделен ручек ако сакате да го изненадите семејството. Подготовката на овој ручек е лесен , а печеното месо може да го сервирате со свежа салата, печени компири или ориз по желба.

Состојки


– 8 парчиња лук


– 3 лажици жалфија свежи ливчиња, сецкани ситно


– 2 лажици маслиново масло


– 1/2 лажички сол


– 1/4 лажичка бибер


– 650 гр. свинско филе

 

Начин на подготовка:

Загрејте скара на струја или јаглен по желба.
Во мал сад измешајте ги заедно лукот, жалфијата, масло, сол и бибер. Потоа со оваа смеса добро намачкајте го свинското месо.


Намачкајте ја скрата со масло. Ставете го свинското филе врз скарата на оган со средна јачина. Печете го 35-40 минути. Повремено превртувајте го месото за да се испече рамномерно од сите страни.


Потоа тргнете го месото од скарата и замотајте го во алуминиумска фолија и оставете го да отстои 5-10 минути.


За да го сервирате исечете го месото на тенки парчиња и послужете го со зеленчук по избор или тестенини и декорирајте со ливчиња жалфија.

SHARE