Писмо до Илир Мета: Тирана да ја признае Македонија под уставно име

Македонското друштво „Илинден“- Тирана, во име на Македонците во Албанија побараа од официјална Тирана да ја признае Република Македонија под уставното ме.

„Од име на сите Македонци што живеат во Албанија, барање за признавање на нашата матична земја под уставното име доставивме до претседателот на државата Илир Мета, до премиерот Еди Рама, до претседателот на парламентот Грамоз Ручи, како и до лидерите на најголемите опозициски партии, Демократската партија и Движењето за социјалистичка интеграција“ стои во сопштението на Друштвото.

Во писменото барање до претседателот Мета, а истото е содржано и во барањето до другите релевантни структури,се нагласува дека Република Албанија, како соседна и пријателска земја, треба да ја признае Република Македонја под нејзиното уставо име, а не со референцата ПЈРМ.

Признавањето на Република Македонија со нејзиното уставно име позитивно ќе влијае во унапредување на и така добрите билатерални односи, вели Никола Ѓурѓај претседател на труштвото и главен и одговорен уредник на весникот „Илинден“.

Во барањето потсетуваме, вели Ѓурѓај, дека Република Макдонија под уставното име ја признале 133 држави, вклучувајќи ги и трите земји членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија и Кина.

Албанија беше меѓу првите земји кои ја признаа независноста на Република Македонија, но под референцата ПЈРМ.