Писмо од дијаспората: Средете ја Македонија!

Том или Томе Георгиевски е обичен Македонец од дијаспората кој има свој став за состојбите во својата татковина.

До својата 25 годишна возраст живеел во Битола каде што свирел во групите Мадригали, Автограм, Гром и Чуден крој.

Во Мелбурн дошол во 1985 година а во Австралија се занимава со бизнис со базени. Не пропушта прилика да дојде во родната земја.

Писмо до Македонија

Во последно време насекаде низ светот многу е актуелна темата за промена на името на Македонија и влегување на Македонија во Европската Заедница (ЕУ) што јас лично го поддржувам како и ченството на Македонија во сите други светски организации.

Но пред да да влезе во било која една респектирана заедница, организација,и слично, мое мислење е дека тој сшо бара да биде членка на било која респектирана заедница би требало да биде и самиот респектиран и да ги исполнува правилата и условите.

Сите знаеме дека е спорно името Македонија за членството во ЕУ, но пред да се смени името би требало да се разгледаат многу поважни работи за членството во ЕУ.

Би ги споредил човечките и фамилијарните вредности со вредноста на Македонија. Не, Не велам дека Македонија не е вредна за да стане членка на ЕУ, но ние сите знаеме, да те сака некој, да те цени некој, да те прифати некој, треба да имаш некакви вредности.

Ако дома не ти е чисто, ако си корумпиран, ако си крадец, ако не си домаќин и ако како човек или фамилија ти фалат сите овие наведени вредности, па никој не сака да те види, да те посети а камо ли да се дружи со тебе а особено да те прими во својата дом.

Ние сите што сме излезени надвор од Македонија знаеме колку е тешко да се створи респект, да се биде домаќин и да се обезбеди сигурност и иднина на фамилијата, поготово во друга земја каде што повторно треба да се учат сите закони, правила, јазик, итн.

Македонија и Македонците кои живеаат во Македонија треба да знаат и сфатат дека ако не си домаќин и ценет никој не те сака, сто значи, среди си ја фамилијата, стани вреден за да те ценат и сакат другите.

Така и Македонија и Македонците во Македонија, средете си ја работата дома прво, средете си го законот, чистотата, корупцијата, загаденоста, патиштата и се потребно за една успешна и цената држава и после тоа не треба барање за влегување во ЕУ.

Самата ЕУ ќе и чукне на вратата на Македонија и ке им донесе “покана за на свадба “.

Ако можеме сите ние надвор од Македонија да створиме ценети, успешни, и примерни граѓани и фамилии 20 000 км надвор од Македонија, можат тоа да го сторат и Македонците дома во својата држава без да учат повторно нов јазик, правила и начини.

Томе Горгиевски
Мелбурн, Австралија

1 Коментар

Comments are closed.