Еден човек од Москва се напил „до даска“ и паднал од деветтиот кат, но потоа, кога свтил дека нема последици, само продолжил да пие, а патем целосно заборавил зошто ја повикал полицијата. Русот испил премногу алкохол и се сопнал кога пушел цигара, па се лизнал од неговиот прозорец од деветтиот кат.
Тој паднал на бетонот, но за чудо само се изгребал. Потоа веднаш ја повикал полицијата и се вратил во својот стан.

Кога полицијата конечно се појавила на неговиот праг, веќе заборавил што се случило.
Докторите пијаниот човек, сепак, го однеле во болница поради претпазливост.

Според податоците од светските организации, 3,3 милиони смртни случаи годишно се поврзани со алкохолизам. Алкохолот предизвикува повеќе од 60 различни видови на болести кои имаат значителни последици за поединецот, но исто така и за нивните семејства.

Русите традиционално припаѓаат на самиот врв на корисници на алкохол и покрај постојаните државни кампањи за помала потрошувачка на алкохол.

Оставете коментар