Плачеше Тоти, плачеа Олимпико и неговите колеги, Римската легенда испратена со солзи (ВИДЕО)

 По 28 години во Рома со одиграни 786 меча и дадени 307 голови, легендата на италијанскиот фудбал и Рома денеска се раздели од навивачите на „Олимпико“.
Еден од најлојалните играчи во светот на фудбалот на сите времиња од теренот замина со драматична победа против Џенова со што неговиот клуб се пласираше директно во Лигата на Шампионите.

Откако мечот заврши и целиот „Олимпико“ започна да му аплаудира на долгогодишниот капитен никој не можеше да ги запре емоциите. Плачеа играчите плачеа навивачите а плачеше и неговото семејство. Се расплака и Тоти.

Како заврши последниот меч на Франческо Тоти за Рома во следново видео.