Плусинфо: Ударот врз Ахмети не може да биде случаен

Уредникот на порталот Плусинфо Бранко Героски во анализа поврзана со истражната постапка против Али Ахмети и Никола Груевски за пропаднатиот попис во 2011 година прашува што повлекува овој потег на СЈО.

Тој смета дека “вака како што сега стојат работите, „сомнителното лице“ Али Ахмети не е обврзан на никакви посебни задолжителни дејствија во поглед на неговата позиција во парламентот или во партијата – оставка, замрзнување на функцијата или нешто слично. Јасно, оставка на Ахмети е желба на многумина, но ДУИ сепак не е Желботека. Се знае кој таму коси, а кој вода носи”.

За Героски е чудно што СЈО како институција поддржана од странците поведува процес против лидерот на ДУИ без кого, според него, не може да се формира влада.

“Не ми е јасно, зашто знаеме, нели, дека СЈО е институција морално и политички поддржана од меѓународниот фактор и дека овој удар врз лидерот на ДУИ не може да биде случаен. Од друга страна, Ахмети е политичар што не треба да се потцени, човек со аура на „чувар на стабилноста во Македонија, фактор без кој ниту една македонска влада во овој момент не може да опстане”, смета Героски.

Целата колумна на следниот линк