Во периодот од годината кога времето често менува, а сонцето и дождот се тркаат за секоја минута, главоболките се поприсутни. Тие сега знаат да се појават и кај оние кај, кои ваков проблем претходно немало и не бил дијагностициран, а токму таа група е подложна на најразновидни предлози од опкружувањето.

Дали да конзумирате, во народот општо прифатен термин е пиете, аналгин, кафетин, вентор или други таблети, или ќе ставате облоги од нане, лаванда и слично, или пак, ќе масирате со ладни облоги, е прашање на ден, два, никако повеќе.

Кое лекарство вам ви одговара, кое соодветствува на ваша здравствена слика може да посочи само стручно лице. И затоа ако главоболката не минува, право на лекар.

SHARE