Поглаварот на БПЦ пред бунт од владици поради МПЦ-ОА

Loading...

Епископи на БПЦ се вртат против патријархот Неофит откако тој дозволил црковен имот да биде користен од приватна компанија, но заради односот кон МПЦ што може да доведе до оддалечување на БПЦ од православното единство, пишуваат дел од бугарските медиуми

„Спротивно на член 1 од Уставот на БПЦ, Неофит ветил присуство на 1000-годишнината на Охридска архиепископија, организирана од таканаречената Македонска црква, непризната од вселенскиот, грчкиот, српскиот и од рускиот патријарх, што ѝ се заканува на Бугарската православна црква со раскол“, пишува групата Соборно православие, формирана од луѓе блиски на српскиот егзарх Вранишковски.

Според Уставот на БПЦ, оваа црква е основач на Охридска архиепископија и ако сега се признае правото на МПЦ врз ОА тогаш Неофит ќе ја признае скопската за црква-мајка, пишуваат бугарските медиуми.