Loading...

200 македонски интелектуалци упатија драматичен апел до политичките лидери за иднината на нацијата. Експерти од различни области од Македонија и во светот објавија отворено писмо во кое од политчките лидери се бара да ја употребат мислата на големнито Крсте Петков Мисирков кога одлучуваат за преговорите за името и за опасноста македонија да го загуби својот идентитет.

Прогласот со наслов „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“, содржи правни и политички аргументи поради кои што Македонија не смее да дозволи обезличување преку договоро за името со Грција.

Еминентните интелектуалци бараат граѓаните да бидат информирани, а политичарите да не се отуѓуваат од луѓето, чии претци умирале со името Македонија на усните. Тие прашуваат кој ги овластил владата и опозицијата да преговараат за името и за идентитетот, зошто се врши притисок на јавноста и зошто постои обид за задушување на дебата на оваа тема.

Потписниците на Прогласот ги повикуваат граѓаните да се придружат на апелот да прекинат разговорите со Грција кои, според барањата на јужниот сосед, водат кон целосно негирање и укинување на македонската нација, јазик и култура.

Илјадници граѓани ја потпишаа петицијата која се споделува на социјалните мрежи во првите неколку часови:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeG19NA8U0emb-FjsRtmxCiiRd66_faiJkc870k5nMzUPiy0g/viewform