Подобро без Софија во Еврозоната

Под овој наслов, германскиот Зидојче цајтунг, објавува напис за амбициите на Бугарија да се приклучи на еврото.

Весникот потсетува дека бугарскиот премиер Бојко Борисов намерава да аплицира за пристап во првата половина од оваа година.

Во Европските договори е запишано дека секоја држава со влез во ЕУ, може автоматски да го воведе еврото, ако ги исполнува економските услови за тоа, но според авторката Керстин Гамелин, германската влада ќе треба да донесе одлука дали Бугарија може наскоро да влезе во еврозоната .

Таа смета дека Бугарија не треба да влезе во еврозоната според сегашните услови, бидејќи треба прво да се прошират критериумите.

Зидојче цајтунг” го цитира Екхард Реберг од редовите на ЦДУ, кој смета дека „пред да прифаќаме нови држави, во сегашниот круг треба да се решат неодложните прашања за иднината на монетарната унија“.

Според него, монетарната унија не може да се справи со реформите и со приемот на нови земји-членки во исто време.