Пожарите што беснеат во Калифорнија стигнаа до првите предградија на Лос Анѓелес.

Агенции јавуваат дека пожарите кои се вон контрола досега зафатиле повеќе од 26.000 хектари, се закануваат на 12.000 објекти и беа евакуирани околу 27.000 лица.

Неколку илјади калифорниски пожарникари се ‘уште се борат со пожари северно од Лос Анџелес, каде што властите наредија евакуација на жителите од неколку квартови.

Во средата наутро, пожарот уништил 20 хектари вегетација и сеуште не е под контрола, напиша градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гаркети на Твитер.

 

Оставете коментар