Њујоршката противпожарна бригада објави дека избил „мал пожар“ на познатата зграда на Трамп, а се верува дека причина за тоа бил дефект во инсталациите.

Според првите информации, нема повредени.

Седиштето на бизнис-империјата на американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓа во зданието од 58 ката во срцето на Менхетен и е дом и на неколку членови на семејството Трамп.

Првата дама Мелани и најмладиот син живееле во „Кулата Трамп“ во првите неколку месеци од мандатот на претседателот, додека не се преселија во Белата куќа.

 

Оставете коментар