Во близина на нуклеарната електрана Чернобил во Украина денеска изби голем пожар кој се уште не може да биде изгаснат иако цел ден работа стотина пожарникари, 22 возила, авион, два хелихоптера. Опасноста од горењето на шумата е што започнува ширење на радиоактивни честички од дрвјата и билките, и што пожарот се приближува до најозлогласената нуклеарка на светот. Таму во Чернобил во 1986. година се случи експлозија што го создаде најголемиот радиоактивен облак во историјата на светот, 30 пати поголем од тој во Хирошима во време на втората светска војна.

SHARE