Снимањето на продолжението на мјузиклот Мама Миа ќе ги обедини повторно на едно место Мерил Стрип и Пирс Бронсон. Смимањето ќе започне на есен, а ќе се случува во Хрватска поточно на островот Вис. Покрај двајцата познати актери во новиот, втор дел од некогаш многу гледаниот  музичко-филмски хит ќе се најдат и Аманда Сејфир и Колин Фирт, а и други кои беа дел од екипата која снимаше пред 9 години. Премиерата на продолжението на Мама миа во кино салите можеме да ја очекуваме во 2018. година.

Првиот дел од Мама Миа се снимаше на познатите плажи во Грција поточно на полуостровот Пелион кај Волос во 2008. година, изобилуваше со прекрасни сцени, добар амбиент и прекрасна музичка подлога, впрочем познатиот мјузикл е и заснован на песните на познатата шведска група АББА.

SHARE