Вардар, Металург и ЖРК Вардар беа дел од жрепката во Љубљана и ги добија противниците за групната фаза од новото издание од Лигата на европските ракометни шампиони.

Вардар кој е бранител на машкиот трофеј е во група во која се наоѓа Барселона, но и Нант, новиот клуб на Кире Лазаров, а тука е и Рајн Некар за кој настапува Филип Талески. Групата А ја комплетираат Загреб, ПИК Сегед, Висла Плок и Кристијанштад.
Металург кој беше носител во двете послаби групи за опоненти во составот Д ги доби екипите на Мотор, Монпелје, Бешикташ, Чеховски Медведи и најдобриот во квалификациите каде што се тимовите на Хард, Спортинг Лисабон, Кокс и Татран Прешов.
Ракометарките на ЖРК Вардар први во петочната вечер ги дознаа противниците во првата фаза од Лигата на шампионите, па за пласман во главната рунда ќе се борат со екипите на Ларвик, ФТЦ Будимпешта и најдобриот тим од квалификациската група 2 во која се Турингер, Хорс, Хипо и Атлетико Гуардес.
SHARE