Модриот патлиџан е омилен здрав зеленчук, се одликува со хранливи вредности и многу ниска калирична вредност. Ова е одлична вест на сите кои внимаваат на внесувањето на калории.

Состојки за рецептот на денот:
-2 модри патлиџани
-1 кромид
-2 чешниња лук
-100 г печурки
-1 тиквичка
-2 домати
-1 морков
-1 пиперка
-сол
-200 г сирење
-2 страка свеж копар

Подготовка:
Измијте го и исечете сиот зеленчук. Модриот патлиџан се сече на половини и срцевината се издлабува. Таа, исто така се сече на коцки. Исечете на ситно и додадете копар.

Во длабока тава загрејте малку масло и испржете го зеленчукот за фил. Зачинете со зачини и сол. Наполнете модар патлиџан со филот. Печете ги во загреана рерна на 220 степени, околу 20 минути, а потоа отстранете ја фолијата, посипете ги со рендано сирење и запечете ги до степен на растопување.

SHARE