Пониско не може: Спинување на молитва во црква

Експратеникот на СДСМ, а сега директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, денеска е жртва на непримерен и срамен фалсификат, кој не може да се оправда со никакви политички или партиски причини.

Тој со помош на очигледен фалсификат и „ефект на огледало“ на социјалните мрежи е прикажан како се крсти со лева рака пред икона.

Еве го неговото објаснување за јавноста:

„Лага и Вистина

Денешната објава на твитер (лага) и мојата објава на ФБ (вистина).
Кој и малку разбира, ќе види дека фотографијата е монтирана во спротивно од оригиналот. А и поставеноста на иконите тоа го потврдуваат.
Зарем и со црквата и обичаите?!!
Кој и да го направил овај спин, многу ниско…“

Оставете коментар