Поради радикалната пропаганда, затворени три џамии во Франција

Француските власти затворија три џамии, во кои се пропагирал радикален ислам, соопшти министерот за внатрешни работи на Франција, Жерар Колон.

Џамиите се во Екс-ан-Прованс, Сартрувил и Марсеј.

На крајот на октомври 2017 година, францускиот претседател Емануел Макрон потпиша закон за зајакнување на внатрешната безбедност и борбата против тероризмот.

Член од законот дава право на префекти да ги суспендираат на период од половина година активностите на верските објекти, за да не дозволат нивните вработени да го помагаат тероризмот.

Од почетокот на годината во Франција се спречени 2 атентатот, а минатата година – 20, соопшти министерот Колон.