Чествувајќи го роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, македонските иселеници од Канада се собраа во Торонто и за да испратат порака „Ние сме Македонија. Доста беше“ како одговор на протестите во Грција за името на нејзиниот северен сосед.

„Македонија на Македонците“, „Едно име имаме – Македонија“, „Не го менуваме нашето име Република Македонија“, „Името на Македонија не е на продажба“, „Престанете да ја продавате Македонија“, „Сакаме во ЕУ и НАТО, но не по цена на името Македонија“, „Не се срами, не се плаши Македонец да си“, „Човекови права и за Македонија“ се натписите на транспарентите со кои Македонците од Канада им се обратија на светот и на своите сонародници во татковината.

За важноста од заштитата на името на матичната држава за Македонците каде и да се проговори организаторката на собирот Кристина Димитриевски и пред камерите на телевизискиот канал ЦП24 од Торонто, кој имаше јавување во живо од градот каде што има најголема концентрација на македонските иселеници во земјата на јаворовиот лист.