Пожарникарите веруваат дека причина за пожарите се високите температури кои деновиве достигнале до 40 степени. Тие се педизвикаа шумски пожари во централниот дел на Португалија во кои до сега загинаа 57 лица. Повеќето од нив станале жртви во автомобилите кога ги зафатил оганот на патот, соопштија официјални лица. Во областа Пердогао Гранди, 150 киломентри североисточно од Лисабон, 600 пожарникари се обидуваат да ги изгаснат пожарите од вчера, изјави претставник на министерството за внатрешни работи. Според истиот извор 16 лица загинале во возилата, а тројца од задушување со дим. Државната телевизија јавува дека се повредни 20 лица, а 14 се наоѓаат во тешка здравствена состојба.Португалскиот премиер изјави дека истрагата е во тек, но се наведува дека високите температури се предизвикувач на пеколот.

SHARE