Постигнат е договор за идното име, пишува „Катимерини“

За името, опсегот на употреба и за акронимите бил постигнат договор меѓу Атина и Скопје, пишува денешен „Катимерини“ но истовреме коментира дека преговорите се претвораат за нерешлива загатка и покрај почетниот оптимизам од двете страни.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, под наслов „Мини на патот на владата на Ципрас“ ( во кој ги анализира проблемите со кои се соочува премиерот), грчкиот весник оценува дека владата сега има сериозни проблеми со опозициската Неа Демократија која инсистира на уставни промени во соседната земја, но дека „Скопје преку интервјуата на премиерот Заев, реагира на можноста за промена на Уставот“.

Неа демократија води во анкетите со десетина проценти предност пред владеачката СИРИЗА.

Атина ќе се обиде преку меѓународниот договор што треба да се потпише ќе предложи да се вклучи и заложба за измена на уставот и за „некој вид започнување соодветни процедури“.

Според извори на „Катимерини“ двете страни се согласиле за три поглавја од разговорите, за името за ерга омнес опсегот на употреба и за акронимите.

„Катимерини“ не соопштува  што е договорено и кое е тоа усогласено име.

Вчера грчки весник лиферуваше информација дека идното име би се состоеле од два збора слеани во еден на кирилица и непреведени како „Новамакедонија“ на пример.